Chat with us

Дома Услуги


Веб Дизајн и Програмирање

WebyDesigns е една од водечките компании за веб дизајн и програмирање. Со над 6 години искуство во развивањето и промовирањето на веб-базирани решенија и со над 100 завршени проекти ние сме омилена компанија во Македонија, Бугарија и Романија.

Ние нудиме целосно индивидуални креативни решенија, прилагодени на потребите и барањата на нашите клиенти. За нас се важни сите аспекти на презентацијата онлајн - од соодветна визија, до добриот програмски код и секој најмал детал.

WebyDesigns ви нуди изгработка на:

Корпоративен веб сајт

Добрата презентација на интернет просторот е неопходна за секоја компанија. Професионалниот и квалитетен веб дизајн на секој корпоративен веб сајт се од исклучително значење за имиџот на една компанија.

Мал фирмен сајт

Веб дизајнот им дава возможност и на малите компании да имаат професионална презентација и да ја заработат довербата на клиентите и партнерите.

Презентативен веб сајт

Тоа е сајт кој се создава со цел да се претстави одреден производ или услуга кои некоја компанија продава. Со помош на добар презентативен сајт лесно може да се стави некоја марка или да се претстави нова услуга.

Мултимедијален веб сајт

Одличен начин за презентирање на интернет просторот кој соединува користење на анимација, видео, звук, онлајн игри. Овој вид веб сајт е исклучително погоден за сајтови, чија публика е претходно истражена.

Е-Каталог

Промоцијата на палета на производи на некоја компанија се остварува лесно и ефикасно со изградбата на е-Каталог. Пристапот на веб дизајнот на таков вид сајтови е индивидуален според видот на предложените стоки и услуги, како и нивните карактеристики.

Е-Трговија

Изградбата на веб сајтови за трговија вклучува индивидуален дизајн, функционалност во согласност со видот на предложените производи, вградување на систем за онлајн плаќање, лесно одржување и управување на налози. WebyDesigns има развиени системи за онлајн трговија за македонскиот,бугарскиот,романскиот и за меѓународниот пазар.

Портал сајт

Портал сајтовите се големи проекти со специфична структура и функционалност. Изгработката на порталот е во согласност со барањата на клиентот и потребата од висока сигурност на работа при бројни уникатни посети на сајтот.

Погледнете го веб дизајн портфолиото на WebyDesigns.

SEO Оптимизација

SEO - Оптимизација на сајтови

WebyDesigns нуди SEO (Search Engine Optimization) за веќе изградени сајтови, а и за сајтовите кои ги гради.

Оптимизација на сајтови (SEO) е комплексен и долг процес, но може да ви гарантира добро враќање на инвестициите. Тоа е процес на подобрување на обемот и квалитетот на сообраќајот кон еден веб сајт, користејќи одобрени од машините за пребарување методи и стандарди. Колку повисоко е позициониран еден сајт во Google, толку повеќе посети има.

Оптимизација на еден веб сајт вклучува редакција на неговата содржина, подобрување на HTML кодот, како и многу други онлајн активности.

SEO-то може да гарантира враќање на инвестицијата, но бидејќи алгоритмите за пласман често се менуваат со цел поголема објективност, SEO оптимизацијата не може да гарантира постојан сообраќај кон сајтот.

WebyDesigns Ви нуди:

Анализа на веб сајт

SEO оптимизација започнува со детална анализа на клиентскиот веб сајт и сајтовите на директните конкуренти. Се анализира структурирањето на информациите, кодот на веб сајтот и дали е во согласност со веб стандардите и барањата на web пребарувачите. Врз основа на оваа анализа се определуваат препораки за натамошната оптимизација на веб сајтот.

План за оптимизација на веб сајт

Составување на план за конкретните активности кои ќе се преземат за извршувањето на SEO оптимизацијата.

Onpage SEO оптимизација

Процесот вклучува извршување на измени во изворниот код директно на самиот сајт, промена / додавање на клучни зборови, за кои што се врши оптимизацијата, уредување на текстот, додавање на нови рубрики, поставување на дополнителни линкови во текстот.

Offpage SEO оптимизација

Процесот вклучува користење на техники надвор од самиот веб сајт - консултација или помош при додавање на линкови од други веб сајтови, тоа е еден од најсилните фактори во SEO offpage.

Платени Интернет кампањи

исто така влијаат успешно на SEO оптимизацијата. Еден од најпопуларните начини  е Google Ad Words.

Поддршка на оптимизацијата

SEO може да гарантира враќање на инвестицијата, но бидејќи алгоритмиte за пласман во web пребарувачите често се менуваат со цел поголема објективност, SEO оптимизацијата не може да гарантира постојан сообраќај кон сајтот. Поради оваа причина е добро да се врши одржување на оптимизацијата за долготраен добар резултат при позиционирањето на сајтот во пребарувачите.

Графички и Лого Дизајн

WebyDesigns нуди изработка на корпоративен идентитет, секаков вид рекламни матетиали, надворешна и внатрешна реклама. Преку своите партнери, WebyDesigns нуди можности за користење на најголемите и најсовремени печатници во зависност од барањата и потребите на конкретниот проект.

Корпоративниот идентитет е исклучително важен за презентацијата на секоја фирма. Тој е комплекс од логото, уникатени графички елементи, бои и фонтови. Со добро формиран корпоративен идентитет се олеснува освојувањето на пазарот и успешното влијание врз клиентите.

WebyDesigns ви нуди изградба на:

Изработка на нов корпоративен идентитет , изработка на уникатно лого, кое јасно ќе ја разликува компанијата и пренесува нејзината порака. Преку употребата на креативни графички елементи, бои и фонтови вашиот корпоративен идентитет ќе ве направи различни од конкурентите. Процесот на изработка на корпоративен идентитет вклучува истражување на конкурентските компании, позиционирање на вашата компанија на пазарот и одредување на порака ќе ја носи новиот корпоративен идентитет. Изработката на лого вклучува користење како на готови, така и на рачни или модифицирани фонтови и на насликани графички елементи.

Освежување на веќе постоечки корпоративен идентитет На клиенти кои веќе поседуваат корпоративен идентитет, WebyDesigns нуди освежување и модернизација на истиот. Процесот вклучува реновирање на логото, модернизација на целокупниот корпоративен идентитет на начин кој ѓе ги задржи карактеристиките и стилот на компанијата.

Изработка на секаков вид печатени материјали и печатење WebyDesigns нуди изработка на високо квалитетни промотивни материјали, пакувања, quads и брошури, надворешна реклама .... Преку своите партнери, WebyDesigns нуди употреба на најголемите и современи печатници за голем и офсет печат.

WebyDesigns изработува креативни и ефективни банери, кои ќе помогнат за ефективното рекламирање и промоција на секој веб сајт. Банерите можат да бидат:

  • Анимирани флеш банери;

  • Анимирани GIF банери;

  • Статични банери (JPG, PNG, GIF);

  • Нестандартни банери (rich media format);

  • HTML банери.

Домени и Хостинг

Хостинг

WebyDesigns ви нуди високо квалитетни хостинг услуги на сопствени сервери, со висока продуктивност и директен и брз интернет.

    • управување на вашата интернет страница на одалечен сервер со директна конекција на интернет;

    • пристапност до Вашата страница 24 часа/365 дена во годината од секој агол на светот;

    • сопствен е-mail и повеќе адреси именовани со едно исто име на доменот, на пример Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите ;

    • можност за користење на вашиот простор на серверот за складирање на важни за Вас информации, со гарантирана безбедност и заштита, како и можност за овластен пристап до нив во секое време и од секој компјутер со интернет;

    • регуларен back-up на информациите;

    • различни хостинг планови, според потребите на Вашиот бизнис.

Домени

Со домените закупени преку WebyDesigns добивате контролен панел за менување на name serveri и податоци за доменот. Со тоа во Whois листањето за доменот ги има вашите податоци, наместо податоците на хостинг компанијата. Закупените домени преку WebyDesigns можете да ги хостирате каде сакате со алатката за промена на именски опслужувачи (DNS), без обврска да го известите WebyDesigns за истото.

 

За Нас

WebyDesigns е веб студио специјализирано за изработка на веб сајтови. Нашите веб услуги се: Оптимизација за пребарувачите (SEO), Веб дизајн, Изработка на Онлајн Продавници и Веб базирани апликации.

WebyDesigns.com е сервис чија цел е да понуди, на што е можно поширок круг корисници, квалитетни решенија за онлајн бизнис. Ние веруваме дека секој има право да добие добар веб сајт со прифатлива цена и работиме под полна пареа, за да ја заштитиме оваа идеја.

Нашиот тим е изграден од млади и мотивирани професионалци, специјализирани во графички и веб дизајн, програмирање, онлајн маркетинг и хостинг сервери.

Брз Контакт

Име:
Email:
Наслов:
Порака: