Chat with us

Дома

Веб Дизајн

Веб Дизајн

Ние нудиме веб дизајн услуги, создавање на презентативен веб сајт, лого, корпоративен идентитет, веб продавници ... за да им претставиме јасна слика на вашите клиенти за се она што можете да им понудите.

Веб страната е препознатлив елемент кога станува збор за било кој електронски бизнис. Таа е основата за негово успешно функционирање. Веб страната е видливиот дел на електронскиот бизнис и таа е првото со што потенцијалните клиенти доаѓаат во додир. Затоа од голема важност е и тоа колку таа ке биде квалитетно изработена.

Колку повеќе е квалитетна во однос на содржина, функционалност и дизајн толку повеќе ќе успее да ги примами клиентите да купуваат, да се зачленуваат , да коментираат и сл. и на тој начин вашиот бизнис да оствари повисок профит.

Вие сте на само еден чекор да имате веб сајт кој ќе ви донесе клиенти, само побарајте понуда !

Веб Дизајн Процес

1. Слушаме

Точно така - кога Вие објаснувате на нашиот проект менаџер, тој навистина ќе ве слуша. Неговата работа е да ги разбере до детали вашите барања. Тој ќе ви биде на располагање и ќе ги собере материјалите што ќе бидат потребни за веб сајтот.

2. Предлагаме

Откако сме разбрале што ви треба и сме ги собрале потребните материјали, ќе ви предложиме решение кое е во согласност со Вашите бизнис цели. Дискутираме за структурата на веб сајтот, дизајнот и деталите.

3. Корекции

Базирано на нашата понуда и Вашата обратна комуникација правиме промени на првичниот предлог. Секоја промена гарантира дека следниот дизајн ќе е подобар од претходните варијанти. Така по неколку промени и прилагодувања веб сајтот добива завршен вид.

4. Финализирање и Одобрување

Завршениот веб сајт е резултат на процесот во кој што учествувате Вие и Вашиот персонален проект менаџер од WebyDesigns. Вие давате одобрение дека се е исполнето како што е договорено и се совпаѓа со Вашите бизнис цели.

5. Објавување на сајтот и стартување на маркетинг кампања.

Кога ќе го добиеме Вашето одобрение ние ќе го објавиме сајтот на интернет и ќе започнеме со неговото промовирање.

6. Одржување, SEO и анализа на резултатите

За да сме сигурни дека Вашиот сајт е успешен, ние ги мериме резултатите. Сега сајтот е објавен и веќе можеме да правиме промени, за да се осигураме дека ќе биде профитабилен за вас.

 

За Нас

WebyDesigns е веб студио специјализирано за изработка на веб сајтови. Нашите веб услуги се: Оптимизација за пребарувачите (SEO), Веб дизајн, Изработка на Онлајн Продавници и Веб базирани апликации.

WebyDesigns.com е сервис чија цел е да понуди, на што е можно поширок круг корисници, квалитетни решенија за онлајн бизнис. Ние веруваме дека секој има право да добие добар веб сајт со прифатлива цена и работиме под полна пареа, за да ја заштитиме оваа идеја.

Нашиот тим е изграден од млади и мотивирани професионалци, специјализирани во графички и веб дизајн, програмирање, онлајн маркетинг и хостинг сервери.

Брз Контакт

Име:
Email:
Наслов:
Порака:


Share